Почитувани!
Комората на проценувачи ја објавува конечната агенда со темите на предавачите на обуките кои ќе се одржат во Скопје во Едукативен центар М-Шест со почеток во 10 часот.
Регистрацијата ќе биде од 9.30 до 10 часот.
24.11.2023 (петок)
- Билјана Василевска дипл. земј. инж
Тема: Практична примена на Методологијата за процена на средства во земјоделството.
- Снежана Костовска дипл. земј. инж
Тема; Кус осврт на неколку термини во земјоделието, значајни за правилна и објективна проценка на средства во земјоделието и Практична примена на методи на проценка кај средства во земјоделието преку процена на овошен насад во фаза на подигање и овошен насад во фаза на експлоатација.
- Лилјана Ковачева дип.инж. арх
Тема-Дилеми при процена на деловен простор по приходна метода.
- Дејан Гавриловски дипл.екк MRICS , REV
Тема: Чекор напред до професионални стандарди за процена на недвижен имот
25.11.2023 (сабота)
- д-р Марко Поповиќ дипл.маж. инж MRISC
Тема – Примена на нови стандарди ЕВС-ПМЕ 2022 во процес на процена на вредност на машини и опрема
- Ѓоко Туманов дипл.маж. инж
Тема – Трендови во Банкарските кругови при проценка на машини опрема , транспортни средста и постројки
- проф. д-р Славчо Чунгурски
Тема- Актуелни предизвици во проценките од област на ИТ технологиите
- М-р Розика Деловска дипл.екк
Тема – Објективно вреднување на подвижен имот (залихи) како значајна ставка од активата на друштвата и потреба од нивна процена поради статусни промени, хипотекарно финансирање, штетни настани и други случаи.
Ве потсетуваме дека обуките за задолжителни и дека непосетуавње на обуките е основ за одземање на лиценца.
Ве покануваме да ги посетите обуките на кои низ практични примери и дискусија зеднички ќе се обидеме да решиме некои од нашите секојдневни проблеми.
Доколку не сте пријавени, пријавете се ТУКА
Скопје, 20.11.2023 година
Со почит!
Во име на Управниот одбор на комората
Претседател М-р Валентина Младеновска