Одржани обуки за континуираното професионално усовршување

Почитувани,

Комората на проценувачи организираше обука на 17.12.2024 година како дел од континуираното професионално усовршување.

Предавачите презентираа повеќе актуелни теми кои ги тангираат проценувачите, како најавените измени во катастарскиот систем,  енергетската ефикасност и енегетскиот менаџмент, како и климатските ризици и нивното влијание врз вредноста на имотите.

Исто така, беше елаборирана и пазарната вредност на колатералите во банкарскиот сектор и значењето на истата.

Како тема која за прв пат беше поставена и која поттикна интерес и дискусија беше токенизација на имотот и искуства од регионот.

На обуката присуствуваа околу 300 учесници и Комората им благодари на сите за присуството и активното учество во дискусиите.

Со почит,
М-р Валентина Младеновска

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Одржани обуки за континуираното професионално усовршување