Одржана тркалезна маса за проценувачи

Почитувани !

На тркалезната маса која се одржа на 14.06.2024 година во Стопанската комора во Скопје учествуваа околу 200 проценувачи, независни, од банки и од општини.

Од страна на модераторот Претседателот на Комората Валентина Младеновска заедно со проф. др. Ванчо Георгиев, редовен професор на Градежниот факултет при УКИМ Скопје и со презентација на дипл. градежен инженер Горанчо Игнов, проценувач вработен во општина Чашка се поставија неколку ситуации за кои проценувачите имаа дилеми, по што се разви квалитетна дискусија со учество на скоро сите присутни.

Дел од темите кои разбудија значаен интерес беа:

  • Како да се препознае ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ, опфатен во националната методологија и ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ и по кој концептен модел проценувачот да пристапи за утврдување на вредност;
  • Капацитет на недвижности – ШТО ЗНАЧИ – КОЈ ГО ДЕФИНИРА – ПОТРЕБА ВО ПРОЦЕСИТЕ НА ПРОЦЕНКА – ОД КАДЕ СЕ ПРЕВЗЕМА;
  • Утврдување на пазарна вредност на недвижен имот – земјиште кое е опфатено со општ акт за село или друга планска документација, а истото не е пренаменето односно во имотен лист не е запишано како градежно земјиште;
  • Утврдување на пазарна вредност на недвижен имот при содржана договорна одредба „со сите припадоци и прирастоци на КП“ во договорот за пренос на правото на сопственост од аспект законит тек на постапка за промена на сопственост на недвижен имот и на утврдување на даночна основа за данок на имот, промет данок на имот;
  • Процена на заедничка сопственост и
  • Како до вредност за СОЛАРНИ ЦЕНТРАЛИ – НЕДВИЖНОСТИ наспроти ОПРЕМА;

Заклучокот беше дека нема универзални решенија, дека на секоја процена треба да се пристапи со должна сериозност и со длабинска анализа да се земат во предвид сите специфичности на конкретниот имот.

Благодарност до сите присутни и до сите кои земаа активно учество во дебатата.

Комората на проценувачи ќе продолжи да ги поставува за дискусија и решавање сите отворени  прашања на проценувачите во Македонија.

Со почит!

Во име на Управниот одбор на комората
Претседател М-р Валентина Младеновска

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Одржана тркалезна маса за проценувачи