Конференција на проценувачи во Подгорица, Црна Гора

Од 26 до 27.10.2023 година, како претставник од Македонија имав учество во панел дискусијата на тема „Актуелни проблеми на проценувачите во земјите од регионот“ која се одржа со учество на панелисти од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Ретка можност за споделување на искуства помеѓу нашите блиски држави со кои имаме не само заедничко минато, туку и заеднички професионални предизвици.

Конференцијата се одржа под наслов „Проценка на вредноста на имотот: актуелни трендови, искуства и предизвици“ и на истата имаше предавање Претседателот на Европската асоцијација на проценувачи ТЕГОВА  Г-н Krzysztof Grzesik, како и еминенти предавачи од Романија, Бугарија, Шпанија, Црна Гора и Хрватска.

 

Со почит,
М-р Валентина Младеновска
Претседател на Комора на проценувачи

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Конференција на проценувачи во Подгорица, Црна Гора