Јавен оглас за избор на членови на Управен одбор на Комора на проценувачи на Република Северна Македонија

Почитувани членови на Комората,

Ве известуваме дека денес на 20.11.2024 година во дневните весници Нова Македонија и Коха е објавен Јавен оглас за избор на членови на Управен одбор на Комората на проценувачи на РСМ.

Со ова известување го споделуваме јавниот оглас на нашата веб страна.

Со почит,

Во име на Управниот одбор
Претседател
Валентина Младеновска

           

Врз основа член 8 став 2 од Статутот на Комората и на член 34 став 3 од Законот за процена, Управниот одбор на Комората на проценувачи на Република Северна Македонија распишува:

Ј А В Е Н    О Г Л А С

за избор на членови на Управен одбор на Комора на проценувачи на Република Северна Македонија

Се распишува јавен оглас за избор на 7 (седум) членови на Управниот одбор на Комората на проценувачи на Република Северна Македонија.

За членови на Управниот одбор може да се пријават кандидатите кои ги исполнуваат следните услови:

  • да се членови на Комората на проценувачи на Република Северна Македонија

 

При поднесување на пријавата за член на УО, заинтересираните кандидати потребно е достават и кратка биографија – CV.

Рокот за пријавување е 7 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневен печат, заклучно со 27.11.2024 година (среда).

Заинтересираните кандидати своите документи да ги достават електронски на една од емаил адресите на Комората: info@komoranaprocenuvaci.mk и contact@komoranaprocenuvaci.mk.

 

Со почит,
 Од Управниот Одбор на
 Комората на проценувачи на Република Северна Македонија

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Јавен оглас за избор на членови на Управен одбор на Комора на проценувачи на Република Северна Македонија