Jавен повик за ангажирање на стручни лица за утврдување на пазарни цени за понуди за ИПАРД програма

Почитувани,

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави Jавен повик за ангажирање на стручни лица за утврдување на пазарни цени за понуди за ИПАРД програмата.

Во постапката на обработка на барањата и одобрување на корисниците на финасиска поддршка потребно е да се изврши истражување на пазарот и анализа на оправданост на трошоци за исти производи и услуги и нивната достапност на пазарот, при што ќе бидат земени во предвид информацииите од приложената документација.

АФПЗРР има потреба за ангажирање на стручни лица кои ќе го спроведат истражувањето и анализа на понудата на пазарот и да достават пазарни цени за исти производи и услуги.

Стручните лица од областа на градежништвото треба да достават пазарни цени за ставки од дадена предмер-пресметка додека стручните лица од областа машини – опрема треба да достават пазарна цена на чинење за опрема со исти или споредливи карактеристики со дадената техничка спецификација.

Огласот за ангажирање на стручни лица каде се наведени и потребните квалификации и документација за пријавување може да го видите на веб страната на АФПЗРР: www.ipardpa.gov.mk во делот ИПАРД – ЕВАЛУАЦИОНА КОМИСИЈА СТРУЧНИ ЛИЦА.

Линк до огласот: https://www.ipardpa.gov.mk/mk/Home/EvaluacionaKomisija

 

Огласот е објавен на 23.01.2024 година и во дневните весници Нова Македонија и Коха и трае до 06.02.2024 година.

Со почит,

Во име на Управниот одбор
на Комората на проценувачи
М-р Валентина Младеновска
Претседател

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Jавен повик за ангажирање на стручни лица за утврдување на пазарни цени за понуди за ИПАРД програма