Почитувани,
Согласно член 26 од Закон за процена (Службен весник бр. 115/2010, 158/2011; 185/2011; 51/2012; 64/2012; 188/2014; 104/2015; 153/2015; 192/2015; 30/2016), задолжително е посетување на обука за континуирано усовршување од страна на проценувачите.
Согласно член 26 став 5 од Законот за процена, непосетувањето на обука се смета за дисциплински престап кој според член 43 став 2 и став 6 од Законот се казнува со дициплинска мерка парична казна во висина од две просечни месечни бруто плати исплатени во Република Северна Македонија во последните 3 месеци.
Од тие причини Ве известуваме дека доколку се немате стекнато со потребните 20 КПУ бодови за 2023 година, како би можеле да ги исполните своите законски обврски како проценувач, потребно е да ги прегледате снимките од предавањата на одржаните обуки за континуирано усовршување одржани во 2023 година.
За да добиете пристап до предавањата потребно е да испратите барање на една од емаил адресите info@komoranaprocenuvaci.mk или contact@komoranaprocenuvaci.mk со Ваши податоци (име и презиме, име на фирма, за колку и кои лица плаќате, нивни емаил адреси и за кои обуки се пријавувате), по што ќе Ви биде испратена фактура за плаќање и по направената уплата посочените лица ќе ги добијат предавањата на наведените емаил адреси.
Цената за прегледување на снимките од предавањата изнесува 4.000,00 денари поединечно по обука (обука во мај 2023 година – 16 КПУ бодови и обука во ноември 2023 година – 8 КПУ бодови).
За да Ви излеземе во пресрет, Ви даваме рок најдоцна до 15.03.2024 година, да се обратите во комората и да ја завршите оваа Ваша обврска за КПУ за 2023 година.
Ве молиме овој допис да го сметате како последна опомена, затоа што после изминување на рокот Комората на проценувачи ќе постапи согласно законските обврски и сите казни и последици кои ќе ги имате ќе бидат на Ваш товар.
Со почит,
Во име на УО на Комората на проценувачи
Претседател
М-р Валентина Младеновска