Почитувани,
Ве известуваме дека Управниот одбор на Комората на проценувачи на Р. С. Македонија свикува Годишно собрание што ќе се одржи на ден 03.12.2024 година (вторник) со почеток во 11.00 часот во свечениот амфитеатар на првиот кат на Европски универзитет во Скопје на бул. Климент Охридски бр. 68, Скопје – Центар.
Ги повикуваме сите членови на Комората да присуствуваат на седницата, со цел да учествуваат во носење на одлуките кои ги засегаат сите што се занимаваат со оваа професија. На оваа седница на Собранието ќе се избираат нови членови на управните органи на Комората.
Согласно член 33 став 3 од Законот за процена на Р.С. Македонија, Собранието на Комората се состанува најмалку еднаш годишно и одржува седница ако се присутни најмалку половина од вкупниот број проценувачи. Одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутните проценувачи.
Дневниот ред и материјалите за закажаната седница се поставени на веб страната на Комората во затворениот дел (интранет) во кој имаат пристап само членовите на Комората.
Со почит,
Во име на Управниот одбор на
Комората на проценувачи
Претседател М-р Валентина Младеновска