Оглас за одржување Стручен испит за проценувач од област – машини и опрема

Испитот се организира за кандидати кои веќе имаат поминато почетна обука за проценувач од областа машини и опрема.

ПРЕЗЕМИ ГО ОГЛАСОТ

Кандидатите кои се заинтересирани за полагање на стручен испит за проценувач од областа машини и опрема, и кои ги исполнуваат условите согласно член 10 од Законот за процена можат да поднесат БАРАЊЕ до архивата на Министерството за економија,  или по пошта на адреса: Министерство за економија ул. Јуриј Гагарин, бр.15, Скопје. Кон барањето кандидатите приложуваат:

  1. Копиja од државјанство на Република Северна Македонија,
  2. Копиja од лична карта,
  3. Доказ за завршено  високо образование (диплома за завршено четиригодишно високо образование или диплома со 300 кредити според европски кредит-трансфер систем (ЕКТС)),
  4. Доказ за најмалку пет години работно искуство во соодветна област по денот на дипломирањето,
  5. Потврда за завршена обука за проценувач од областа машини и опрема и
  6. Доказ за извршена уплата на трошоците за полагање на стручниот испит, од 24.000, 00 денари, доколку сеуште не полагале стручен испит, односно 9.000,оо денари доколку полагале но не успеале да го положат стручниот испит организиран во периодот мај-јули 2023 година, со следните податоци:
  • назив на примачот: Министерство за економија;
  • Банка на примачот:НБРСМ; Трезорска сметка: 100000000063095;  
  • Сметка на буџетски корисник : 1000115547 787 13;
  • Приходна шифра и програма: 724149 10;

Цел на дознака: полагање испит за процена на машини и опрема

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Оглас за одржување Стручен испит за проценувач од област – машини и опрема