Почитувани проценувачи,
Поради проверка и ажурирање на Вашите податоци во збирниот регистар на проценувачи, во согласност со член 23 и 24 од Законот за процена, потребно е да ни доставите М1М2 пријава за секој вработен во овластен проценувач кој како проценувач е член на Комората на проценувачи на РСМ (документот да не е постар од 3 дена).
Документите испратете ги на contact@komoranaprocenuvaci.mk или info@komoranaprocenuvaci.mk најдоцна до 15.11.2024 год.
Напомена: М1М2 пријава секој може да извади лично за себе или со овластување за друг во канцелариите на Агенција за вработување на РСМ или преку https://uslugi.gov.mk/, во делот на Работа и вработувања -> Вработување -> Издавање на извод од компјутерски запис – образец м1/м2 од пријава/одјава во задолжително социјално осигурување.
Со почит,
Комора на проценувачи на РСМ