Почитувани Проценувачи,
Комората на проценувачи на РСМ Ви најавува организирање на 8-ма Меѓународна конференција во Охрид под наслов: „Потребата од точни податоци во време на висока инфлација, геополитички немири и развој на вештачката интелигенција“
Со особена чест и задоволство Ве известуваме дека своето учество го потврди и Претседателот на Европската асоцијација на проценувачи ТЕГОВА г. Paulo Barros Trindade.
На конференцијата се поканети и многу други искусни проценувачи и предавачи од земјата и од странство, се со цел размена на искуства и етаблирање на професијата проценител на повисоко ниво. Агендата на конференцијата ќе биде објавена наскоро.
Темата на конференцијата е инспирирана од актуелните поместувања на пазарите под влијание на инфлацијата, геополитичките промени на глобално ниво како и брзиот развој на вештачката интелигенција.
Се гледаме во Охрид, 18-20.05.2025 година.
Со почит,
Во име на Управниот одбор на Kомората
Претседател,
М-р Ѓорѓе Спировски