Почитувани проценувачи,
Комората на проценувачи на РСМ Ви најавува организирање на 8-ма Меѓународна конференција под наслов:
„Потребата од точни податоци во време на висока инфлација, геополитички немири и развој на вештачката интелегенција“
Конференцијата на проценувачи како континуирана обука за професионално усовршување ќе се одржи во Охрид во Хотели Метропол од 18.05.2025 год. до 20.05.2025 год.
Заинтересираните проценувачи потребно е да ја пополнат електронската пријава на следниот линк: https://bit.ly/prijava-konf-ohrid-2025. Пријавувањето е задолжително за сите учесници.
Ве замолуваме пријавувањето и уплатата на трошоците за учество да ги извршите најдоцна до 13.05.2025 год.
Цената на котизација за членови на Комората изнесува 7.000 денари, а за лица кои не се членови на Комората изнесува 9.000 денари. Сместувањето на база на полупансион во еднокреветна соба изнесува 4.920 денари од ноќ, а во двокреветна соба сместување на две лица изнесува 7.140 денари од ноќ.
Со особена чест и задоволство Ве известуваме дека своето учество како предавач го потврди и Претседателот на Европската асоцијација на проценувачи ТЕГОВА господин Paulo Barros Trindade.
На конференцијата се поканети и ќе бидат присутни многу други врвни проценувачи и предавачи од земјата и од странство. Агендата на конференцијата ќе биде објавена наскоро.
Темата на конференцијата е инспирирана од актуелните поместувања на пазарите под влијание на инфлацијата, геополитичките промени на глобално ниво и брзиот развој на вештачката интелегенција.
Се гледаме во Охрид, 18-20.05.2025 година.
Со почит,
Во име на Управниот одбор на Комората
Претседател Ѓорѓе Спировски



