На покана на Нотарската комора на РС Македонија, Претседателот на Комората на проценувачи присуствуваше на свечената седница по повод 25 години Македонски нотаријат, која се одржа на ден 10.06.2023 година во Македонската филхармонија. На седницата беа поделени признанија за дологодишните нотари, за креаторите на Законот за нотаријатот, како и за гостите од нотарските комори од регионот. По повод годишнината беше промовирана книгата Коментар на Законот за Нотаријатот во издание на Нотарската комора на РСМ.