Континуирана едукација – 2021 година

Почитувани колеги,

Имајќи ја во предвид  актуелната ситуација со пандемијата на COVID -19  и мерките на Владата и секако  заложбите на Управниот одбор да им се овозможи континуирана едукација на проценувачите  кога физичкото присуство е ограничено,  Ве известуваме   дека за таа цел е поставен Портал за едукација на проценувачите на нашата веб страна. Заради безбедно продолжување на работната рутина, а почитувајќи ги тековните прописи, Управниот одбор одлучи во овој период  додека трае глобалната пандемија, проценувачите континуираните обуки да може да ги следат по  електронски пат.

На порталот моментално се поставени предавања во видео формат од еминентни професори и искусни проценувачи со долгогодишно работно искуство во областа на проценителството.

Линк до предавањата: https://edu.komoranaprocenuvaci.mk/product-category/mart-2021/

Под секое предавање на порталот за едукација  кое е во видео формат се поставени темата на предавање, предавачот  и надоместокот кој треба да се плати за следење на истите.

Пристапот до предавањата е овозможен само доколку проценувачот е регистриран и изврши плаќање за конкретното предавање. Плаќањето може да биде електронски со картичка или со плаќање на про-фактура која би се платила преку жиро сметка во банка (порталот автоматски  праќа емаил порака со податоци за плаќање до проценувачот).

При спроведувањето на континуираните обуки во 2020 година проценувачите кои ги следеа предавањата, се здобија со по 8 КПУ бодови од секоја област на процената од вкупните 20 КПУ бодови по област.  Останатите 12 часа проценувачите ќе треба да ги надополнат со следење на  континуираните обуки кој ќе бидат поставени на порталот за едукација  за секоја област поединечно во периодот кој следи.

Континуираните обуки се задолжителни и нивното не посетување се смета за дисциплински престап, во согласност со Законот за процена.

За дополнителни информации и инструкции може да не контактирате на тел 072 251 407 или 02 3151 477 или на меил info@komoranaprocenuvaci.mk

Жиро сметка на Комората на проценувачи на Република С. Македонија е следната:

Комерцијална банка 300000003545580

Со почит,
Управен одбор на Комората на проценувачи на Р.С.М

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Континуирана едукација – 2021 година