Ве известуваме дека Комора на проценувачи на РСМ организира и спроведува почетна обука за проценувачи од област машини и опрема за прв пат после 9 години.
Почетната обука се организира во соработка со Машински факултет–УКИМ од Скопје во периодот од 06 до 14 мај 2023 година на Машински факултет – Скопје.
Претседателот на комората на проценувачи м-р Валентина Младеновска се обрати пред посетителите и им посака успешна обука.
При тоа на посетителите на обуката им ја посочи комплексноста на професијата проценувач и истакна дека за изготвување на квалитетна процена на машини и опрема на проценувачот му се потребни мултидисциплинарни познавања на повеќе законски и подзаконски акти, покрај Законот за процена, Методологијата за процена на машини и опрема и Европските и меѓународните стандарди и методи за процена.
Комората искажа посебна благодарност на предавачите, колегите Жарко Илиески дипл.маш.инж., М-р Игор Симоновски дипл.маш.инж., Проф. Д-р Кристина Јакимовска и Проф. Д-р Елисавета Дончева, за одвоеното време и ангажман.