Претседателот на Комората на проценувачи Антонио Георгиев и Жаклина Ангеловска, потпретседател на Комората а воедно и членови на Управниот одбор на ден 12.02.2021 година имаа работен состанок со директорот на Агенција за катастар на недвижности м-р Борис Тунџев. На состанокот беше водена дискусија околу проблемите со кои се соочуваат проценувачите членовите на Комората при користење на услугите кои ги нуди Агенција за катастар на недвижности со желба за надминување на истите од двете страни.
За таа цел беа доставени точките со барањата на услугите кои официјално ќе ги доставиме до Агенција за катастар на недвижности (преземи листа на барања).
Доколку имате некои барања во врска со услугите а кои не се опфатени во наведените точки, а се во согласно со законската регулатива, слободно можете да ги доставите на маилот на Комората на проценувачи info@komoranaprocenuvaci.mk најдоцна до 26.02.2021 година.
Една напомена секој проценител кој нема склучено договор со Агенција за катастар на недвижности треба лично да поднесе барање за склучување на договор – постапката за склучување на договор ја има на нивната веб страна https://www.katastar.gov.mk/.