Почитувани колеги,
Управниот одбор на Комората на проценувачи на РСМ, Ве известува дека седница на Собранието на Комората планира да се одржи на ден 14.10.2022 година (петок) во Скопје. Исто така, би сакале да Ве информираме дека огласот за пријавување на кандидати за членови на Управниот одбор ќе биде објавен на 15 септември во дневен печат и поставен на нашaта веб страна.
За местото и терминот како и дневниот ред и материјалите за Седницата на собранието дополнително ќе бидете информирани и истите ќе бидат поставени на нашата веб страна.
Со почит,
Од Управен одбор на КПРСМ