Се одржа 7-мата Меѓународна конференција на проценувачи

Во Охрид, од 18 до 20 Мај, се одржа 7-мата Меѓународна конференција на проценувачи на која присутвуваа 245 учесници и околу 30-тина гости од земјава и од странство. Конференцијата со свое излагање и поздравен говор ја отвори м-р Валентина Младеновска, претседател на Комората на проценувачи.

Комората на проценувачи се залага за хармонизација на нашиот Закон за процена и подзаконските акти со Европската регулатива, како и Европските и Меѓународните стандарди за проценување. Во таа насока за ПРВ пат присуствуваа и имаа предавања:

  • Претседателот на Европската асоцијација на проценувачи TEGOVA Г-н Krzysztof Grzesik REV FRICS IRRV (Hons)
  • Директорот за технички стандарди (материјални средства) од Советот за меѓународни стандарди за вреднување (IVSC) Г-н Alexander Aronsohn FRICS

Како предавачи и гости оваа година имавме и еминентни проценувачи од нашата држава, но и од Романија, Грција, Црна Гора и Бугарија.

Претседателката м-р Валентина Младеновска во име на Управниот одбор на Комората изразува благодарност до сите учесници кои дадоа свој допринес за успешна конференција.

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Се одржа 7-мата Меѓународна конференција на проценувачи