Промоција на книга Етажна сопственост – сопственост на посебни делови од зграда

Комората на проценувачи Ви ја претставува книгата Етажна сопственост – сопственост на посебни делови од зграда од проф. д-р Ангел Ристов, во издание на Институтот IURIDICA PRIMA 2020 година, која е прва монографија во македонската правна наука посветена на етажната сопственост.

Во современите општества етажната сопственост претставува еден од најмодерните, најзначајните и најкомплексните облици на правото на сопственост. Денес, за разлика од минатото, модерното живеење не може да се замисли без етажна сопственост, живеење во зграда со најмалку два посебни дела кои им припаѓаат на различни сопственици.

Книгата обработува иклучително значајна и актуелна тема, која поради застарените правни прописи, правни празнини и недоречености, предизвикува голем број проблеми за граѓаните, но и за правните лица, градежните компании, банките, проценувачите, извршителите, нотарите, адвокатите и судовите.

Со продлабочените знаења добиени од книгата за правата и обврските кои произлегуваат од етажната сопственост значително ќе се зголеми правната сигурност во правниот промет и ќе ја олесни работата на многубројни професии кои во своето работење имаат допирни точки и се сретнуваат со етажната сосптевност, помеѓу кои спаѓаме и ние, проценувачите.

Доколку сте заинтересирани да ја нарачате книгата, истото може да го направите преку Комората на проценувачи на e-mail:

 info@komoranaprocenuvaci.mk или aleksandar.maksimovski@komoranaprocenuvaci.mk

Цената изнесува 1.500,00 денари.                                                  

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Промоција на книга Етажна сопственост – сопственост на посебни делови од зграда