Почетна обука за проценувачи од областа на транспортни средства

Комора на проценувачи на РСМ организира и спроведува почетна обука за проценувачи од областа на транспортни средства.

Почетната обука се организира во соработка со Машински факултет–УКИМ од Скопје со почеток од 27 мај 2023 година на Машински факултет – Скопје.

Потпретседателот на комората на проценувачи м-р Ѓорѓе Спировски се обрати пред посетителите и им посака успешна обука.

При тоа на посетителите на обуката им ја посочи комплексноста на професијата проценувач и истакна дека за изготвување на квалитетна процена на транспортни средства на проценувачот му се потребни мултидисциплинарни познавања на повеќе законски и подзаконски акти, покрај Законот за процена, Методологијата за процена и Европските и меѓународните стандарди и методи за процена.

Комората искажа посебна благодарност на предавачите, колегите Проф. д-р. Гадаф Реџепи, Проф. Ангел Ристов, Проф. д-р Александар Костадиновски, Дончо Дубров, М-р Ѓорѓе Спировски,  Вонр. проф. д-р Кристина Јакимовска и Доц. д-р Васе Јорданова, Д-р Татјана Џокиќ, Проф. д-р Даме Димитровски, за одвоеното време и ангажман.

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Почетна обука за проценувачи од областа на транспортни средства