Потпишан Меморандум за соработка со Семос Едукација

Комора за проценувачи на Република Северна Македонија и Семос Едукација денес потпишаа Меморандум за соработка со цел размена на знаења, искуства и вештини соодветно на сопствената експертиза.

Членките на Комората ќе имаат можност да посетуваат официјални обуки, да стекнат официјална сертификација и да добијат hands-on искуство со најпопуларните алатки во областа на: анализа на податоци, визуелизација, мрежна безбедност, Cloud, презентациски вештини и сл. Новите вештини и алатки ќе придонесат кон оптимизација на времето за обработка на комплексни извештаи и проценки, поголема прецизност на финансиските анализи и предикции, поефикасна примена на статистичките методи и ефективна заштита и складирање на податоците.

Придобивките од соработката вклучуваат заедничко учество на конференции, симпозиуми и други настани во насока на популаризација на активностите, взаемна промоција и унапредување на соработката.

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Потпишан Меморандум за соработка со Семос Едукација