Потпишан Меморандум за соработка со Акционерско Осигурително Брокерско друштво ВФП АД Скопје

Ве извесуваме дека Комора на проценувачи на РСМ и Акционерско Осигурително Брокерско друштво ВФП АД Скопје, со лиценциран осигурителен брокер Горан Трајановски потпишаа Меморандум за соработка преку кој Комората.

Меморандумот за Соработката има за цел подигнување на повисо ниво на осигурување од професионална одговорност за штета, која може да ја причини при вршење на дејноста процена спрема странката или трето лице согласно Законот за Процена.

Активностите и соработката немаат финансиски импликации за Комората и ги почитуваат правилата и прописите воспоставени од страните потписнички.

Овластениот проценувач како барател на полисата за осигурување склучува посебен договор-полиса со осигурителната компанија која ќе биде одбрана од негова страна, а ќе биде посредувана во име на Акционерското осигурително брокерско друштво ВФП АД Скопје од страна на лиценциран осигурителен брокер Горан Трајановски.

Акционерското осигурително брокерско друштво ВФП АД Скопје на овластените проценувачи им нуди:

  • Сигурност;
  • Време;
  • Автоматизирана состојба ( водење и потсетување за истек на полисите);
  • Подигнување на повисоко ниво на правна состојба околу осигурувањето;
  • Давање на повеќе понуди од повеќе осигурителни друштва за да може клиентот да ја избере најдобрата понуда соодветна на неговите потреби;
  • Информации за актуелни понуди од сите компании за осигурување во РСМ.

Комората на проценувачи на РСМ го склучи овој меморандум за соработка со цел да се заштитат овластените проценувачи од ситуации на одземање на лиценца поради истек на претходната полиса, преку систем на следење на роковите на полисите како и достапност на информации за сите понуди на пазарот на едно место.

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Потпишан Меморандум за соработка со Акционерско Осигурително Брокерско друштво ВФП АД Скопје