ПОСЛЕДНА ОПОМЕНА за долг по основ на членарини

Почитувани членови на Комората на проценувачи на Р. С. Македонија!

Согласно член 38 од Законот за процена, проценувачите задолжително секоја година се должни да плаќаат членарина на Комората на проценувачи на Р. С. Македонија.

Според тоа, ги известуваме сите проценувачи кои имаат заостанат долг по основ членарина кон Комората на проценувачи, истиот да го подмират во рок од 3 (три) дена од прием на ова известување.

Ова известување е последна опомена од Комората и по истекот на рокот од 3 (три) дена

сите кои должат членарина ќе бидат јавно објавени на веб страната и Комората ќе мора да постапи согласно своите обврски и да достави список на членови кои не ја подмируваат редовно членарината до надлежното министерство, како тие би постапиле согласно член 29 од Законот за процена.

Ве потсетуваме дека согласно член 29 од Законот за процена, основ за одземање на лиценца е ако уредно не се плаќа членарината на Комората на проценувачи.

Доколку не ја подмирите целата заостаната членарина заклучно со 2023 година, сите понатамошни последици ќе бидат на Ваш товар и на Ваша одговорност.

За сите информации во однос на висината на Вашиот долг, Ве молиме обратете се на официјалниот емаил на Комората на проценувачи info@komoranaprocenuvaci.mk.

 

Со почит,
Во име на УО на Комората на проценувачи
Претседател
М-р Валентина Младеновска

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. ПОСЛЕДНА ОПОМЕНА за долг по основ на членарини