Врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Комората на проценувачи на РСМ и Семос Компјутерски Образовен Центар Доо Скопје, а во насока на унапредување и подобрување на услугите кои го испорачуваме кон крајните корисници и подобрување на содржинскиот и визуелниот аспект на извештаите за процени кои ги подготвуваме.
Ве известуваме дека постои можност за обезбедување на официјални и сертифицирани обуки во делот на ИТ и тоа:
- испорака на основни ИТ тренинзи;
- испорака на напредни ИТ тренинзи;
- поволности при официјална сертификација на тренинзите;
- подготовка на предлог решенија во делот на дата анализа, архивирање, складирање на податоци и информации, безбедно управување и начини на подготовка на извештаи и споредбени анализи.
За таа цел е договорено од страна на Семос Едукација со 20% попуст за почеток да ги добиеме следниве курсеви:
Ред. бр. | Област | Тренинг | Број на часови | Редовна цена во мкд. | Цена со 20% попуст |
1. | Visual Design Using Adobe Photoshop | Adobe Photoshop CC | 30 | 12.500 | 10.000 |
2. | Graphic Design & Illustration Using Adobe Illustrator | Adobe Illustrator CC | 30 | 12.500 |
10.000 |
3. | Print & Digital Media Publication Using Adobe InDesign | Adobe InDesign CC | 30 | 12.500 |
10.000 |
4. | Редовни MS Office обуки
|
MS Excel 2016+ вклучен МОS испит за MS Excel | 21 |
5.900,00 |
4.720 |
5. | Редовни MS Office обуки
|
Напредни техники на MS Excel 2016 | 30 |
7.700,00 |
6.160 |
6. | Редовни MS Office обуки
|
PL-300: Microsoft Power BI Data Analyst | 32 |
35.535,00 |
28.428 |
- Плаќањето може да биде организирано на 2 рати.
- Термини за пријавување и оформување на групите за пооделните обуки се:
- Прв рок за пријавување 27.03.2023 – групите започнуваат во април 2023 год. и
- Втор рок за пријавување 05.05.2023 – групите започнуваат во мај 2023 год.
Семос Едукација како Adobe Авторизиран Тренинг Центар одржува обуки за користење на Adobe продуктите, кои се спроведуваат од страна Adobe Certified Instructors (ACI). Adobe Authorized Training центрите одржуваат тренинг кој е признаен во целиот свет и кој се спроведува според највисоко ниво на квалитет, контролиран од страна на Adobe корпорацијата. Во цената на секој Adobe курс вклучени се подготовка и полагање испит за Adobe Certified Professional (ACP) испит.
Динамиката на настава може да биде два или три пати неделно по 3 часа дневно (редовна група). Попладневен термини: од 17:00 – 19:30 часот или од 19:30 – 22:00 часот. Доколку се организира група само од членовите на комората, термините може да се договорат еден месец пред започнувањето на обуката. За секој слушател ќе биде обезбедена официјална литература од Adobe.
Согласно со новонастанатата состојба, а поврзано со појавата на Ковид-19 (корона вирус), наставата се организира On-line на платформата MS Teams.
Водејќи се од стремежот да се креираат професионални извештаи за процена според постоечките стандарди на известување, а со оглед дека сите имаме обврска за професионално усовршување , сметаме дека со овие тренинзи ќе го унапредиме нашето знаење но и ќе заштедиме на време и ресурси за подготовка и испорака на нашите извештаи.
Процедурата за Ваше информирање или пријавување за посетување на некој од наведените тренинзи е следната:
- за сите прашања поврзани со стручниот дел околу тренинзите можете да се обратите директно во Семос Компјутерски Образовен Центар Доо Скопје на следниот контакт :
e-mail: borjanco.micevski@semos.com.mk
Име и презиме: Борјанчо Мицевски
Телефон за контакт: 075 345 258
- за пријавување за посетување на обуки треба да се обратите во нашата Комора:
e-mail: info@komoranaprocenuvaci.mk
Телефони за контакт: +389 2 3151 477 | +389 72 251 407 | +389 72 251 408
Важна напомена: Пријавувањето на кандидати во Семос ќе го врши Комора на проценувачи.
Известувањето се однесува за сите проценувачи дефинирани во член 2 точка 4 од Законот за процена, членови на семејствата на проценувачите кои се членови на Комората и за вработените кај овластените проценувачи.