Оглас за пријавување на почетна обука од област на НЕДВИЖЕН  ИМОТ

Комората на проценувачи на Република Северна Македонија ги повикува сите заинтересирните лица кои ги исполнуваат условите за посетување на почетна обука да поднесат барање за посетување на почетна обука од област на: НЕДВИЖЕН ИМОТ

Согласно  член 11 од Законот за процена (Службен весник на Р.М број 115/10, 158/11, 185/11, 64/12, 188/14, 104/15, 153/15, 192/15 и 30/16) се организира почетна обука за проценувачи кои ги исполнуваат  условите за полагањето на стручниот испит за проценувач.

Кандидатите кој сакаат да посетуваат почетна обука треба да поднесат БАРАЊЕ до Комората на проценувачи на РСМ.

1. Барање (исклучиво се поднесува  по електронски пат на апликацијата која ќе биде поставена на веб страната на Комората https://forms.gle/7jCSAboeFQKpAixV7) треба да содржи:
– име и презиме на барателот и точна адреса на живеење
– телефон за контакт (мобилен)
– електронска адреса(Е-маил адреса)

2. Кон Барањето во прилог се доставуваат (исклучиво се поденесува  по електонски пат на апликацијата која ќе биде поставена на веб страната на Комората https://forms.gle/7jCSAboeFQKpAixV7)
– државјанство на Република Северна Македонија
– лична карта (за да се докаже дека  лицето има живеалиште во Република Северна Македонија)
– диплома за високо образование (диплома со  завршено четиригодишно високо образование или диплома со 300 кредити според европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС)),
– да има најмалку пет години работно искуство во соодветна област по денот на дипломирањето и
– уплатница за уплатени парични средства   за посетување на почетна обука во износ  од  30.000,00 денари

Назив на примачот                          Комора на проценувачи на РСМ

Банка на примачот                          Комерцијална банка

Сметка на корисникот                     300000003545580

Цел на дознака                                  посетување на почетна обука од област на недвижен имот

Почетната обука ќе започне на ден 02.09.2022 (петок) со почеток во 12 часот на Градежен факултет –Скопје, а ќе продолжи на 03, 04 и 09, 10, 11 септември.

Краен рок за поднесување  на барањето до Комората на проценувачи на РСМ  е до 30.08.2022 Огласот ќе биде објавен на Веб страната на Комората на проценувачи на Република Северна  Македонија www.komoranaprocenuvaci.mk) на 19.08.2022 година.

Преземи го Огласот

Пријава

                                                                        

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Оглас за пријавување на почетна обука од област на НЕДВИЖЕН  ИМОТ