Оглас за пријавување на почетна обука од област ТРАНСПОРТНИ СРЕДСТВА

Комората на проценувачи на Република Северна  Македонија ги повикува сите  заинтересираните лица кои ги исполнуваат условите за посетување на почетна обука да поднесат барање за посетување на почетна обука од област ТРАНСПОРТНИ СРЕДСТВА

Согласно  член 11 од Законот за процена (Службен весник на Р.М број 115/10, 158/11, 185/11, 64/12, 188/14, 104/15, 153/15, 192/15 и 30/16) се организира почетна обука за проценувачи кои ги исполнуваат  условите за полагањето на стручниот испит за проценувач.

Кандидатите кој сакаат да посетуваат почетна обука треба да поднесат БАРАЊЕ до Комората на проценувачи на РСМ.

1.Барањето (исклучиво се поднесува  по електронски пат на апликацијата до која може да пристапите ТУКА) треба да содржи:

– име и презиме на барателот и точна адреса на живеење

– телефон за контакт (мобилен)

– електронска адреса (Е-маил адреса)

  1. Кон Барањето во прилог се доставуваат (исклучиво се поднесува по електронски пат на апликацијата – https://forms.gle/fay7B5hBc2iaAVh76)

– државјанство на Република Северна Македонија

– лична карта (за да се докаже дека  лицето има живеалиште во Република Северна Македонија)

– диплома за високо образование (диплома со  завршено четиригодишно високо образование или диплома со 300 кредити според европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС)),

– да има најмалку пет години работно искуство во соодветна област по денот на дипломирањето и

– уплатница за уплатени парични средства   за посетување на почетна обука во износ  од  30.000,00 денари

Назив на примачот                          Комора на проценувачи на РСМ

Банка на примачот                          Комерцијална банка

Сметка на корисникот                     300000003545580

Цел на дознака                                  посетување на почетна обука од област на транспортни средства

Почетната обука ќе започне 27, 28.05 (Мај) 2023 и ќе продолжи на 10.11.06.2023 (Јуни) на Машински факултет  – Скопје (новата зграда кај поранешна МИДА просторија К2-14),   

Сите кандидати дополнително ќе бидат известени за почетокот (часот) на обуката.

Огласот ќе биде објавен на веб страната на Комората на проценувачи на Република Северна  Македонија www.komoranaprocenuvaci.mk на  ден 28.04.2023 година

Краен рок за поднесување  на барањето до Комората на проценувачи на РСМ  е до 20.05.2023 година.

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Оглас за пријавување на почетна обука од област ТРАНСПОРТНИ СРЕДСТВА