Оглас за пријавување на почетна обука од област МАШИНИ И ОПРЕМА

Комората на проценувачи на Република Северна Македонија ги повикува сите  заинтересирните лица кои ги исполнуваат условите за посетување на почетна обука да поднесат барање за посетување на почетна обука од област МАШИНИ И ОПРЕМА

Согласно  член 11 од Законот за процена (Службен весник на Р.М број 115/10, 158/11, 185/11, 64/12, 188/14, 104/15, 153/15, 192/15 и 30/16) се организира почетна обука за проценувачи кои ги исполнуваат  условите за полагањето на стручниот испит за проценувач.

Кандидатите кој сакаат да посетуваат почетна обука треба да поднесат БАРАЊЕ до Комората на проценувачи на РСМ.

1.Барањето (исклучиво се поденесува по елетронски пат на апликацијата до која може да пристапите ТУКА) треба да содржи:

– име и презиме на барателот и точна адреса на живеење

– телефон за контакт (мобилен)

– електронска адреса (Е-маил адреса)

  1. Кон Барањето во прилог се доставуваат (исклучиво се поденесува по електонски пат на апликацијата – https://forms.gle/4ajW1Zgnuro1kwCz6)

– државјанство на Република Северна Македонија

– лична карта (за да се докаже дека  лицето има живеалиште во Република Северна Македонија)

– диплома за високо образование (диплома со  завршено четиригодишно високо образование или диплома со 300 кредити според европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС)),

-да има најмалку пет години работно искуство во соодветна област по денот на дипломирањето и

– уплатница за уплатени парични средства   за посетување на почетна обука во износ  од  30.000,00 денари

Назив на примачот                          Комора на проценувачи на РСМ

Банка на примачот                          Комерцијална банка

Сметка на корисникот                     300000003545580

Цел на дознака                                  посетување на почетна обука од област на машини и опрема

Почетната обука ќе започне на ден 06.05.2023 (сабота)  на Машински факултет  – Скопје (новата зграда кај поранешна МИДА просторија К2-14),  а ќе продолжи на 7,13 и 14.  мај.

Сите кандидати дополнително ќе бидат известени за почетокот (часот) на обуката.

Огласот ќе биде објавен на веб страната на Комората на проценувачи на Република Северна  Македонија www.komoranaprocenuvaci.mk) на  ден 11.04.2023 година.

Краен рок за поднесување  на барањето до Комората на проценувачи на РСМ  е до 02.05.2023 година.


Подолу можете да го преземете огласот и условите за полагање на стручниот испит од областа Машини и опрема, објавени на веб страната на Министерството за економија на РСМ

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Оглас за пријавување на почетна обука од област МАШИНИ И ОПРЕМА