Конференција на TEGOVA

Ве информираме дека Комората на проценувачи на РС Македонија имаше свои претставници на пролетната конференцијата на TEGOVA која се одржа во Варшава од 15-17.06.2023 година. На Конференцијата, беше ставен фокус на 3 актуелни теми за проценување и тоа:

  • Проценка на воената штета во Украина
  • Европскиот зелен договор
  • Долгорочна одржлива вредност и претпазливо конзервативни критериуми за вреднување

Врвот на конференцијата беше симулирана расправа во меѓународен суд (Примерна арбитража) во врска со спорот за вредноста на експроприраното земјиште за развој на аеродромот.

На 17.06.2023 беше одржано годишното собрание на TEGOVA на кое присуствуваа 90 претставници на асоцијации за проценување од 26 земји (вклучувајќи ја и ИААО од САД) и на кој имаше презентации за можностите на примена на Вештачката интелигенција (AI) при проценувањето како и за најновите случувања со Еколошките, социјалните и управувачките стандарди (ESG).

 

 

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Конференција на TEGOVA