Конференција на TEGOVA

Ве информираме дека Претседателот Валентина Младеновска и Потпретседателот Ѓорѓе Спировски беа претставници на Комората на проценувачи на есенската конференцијата на TEGOVA која се одржа во Болоња на 06 и 07.10.2023 година, под наслов: Патот до 2050 година“.

На конференцијата се стави акцент на одржливоста во секторот на недвижности, која што станува сè поважна и ги вклучува засегнатите страни на сите нивоа, од институционални инвеститори до менаџери, до индивидуални проценувачи и компании за проценување.

Промената на побарувачката на пазарот, која сега е фокусирана на одржливи решенија и зголемениот регулаторен притисок предизвикуваат секторот на недвижности да ја преиспита својата стратешка позиција.

Особено, Европскиот зелен договор и неговото специфично законодавство за градење ќе доведат до нови параметри и правила за проценка на имотите во однос на вредноста и ризикот за инвеститорите и финансиските институции.

Претседателот на ТЕГОВА Г-н Krzysztof Grzesik стави акцент на импликациите од претстојната ревизија на Регулативата за капитални барања која ќе донесе нов концепт за „вредност на имотот“ кој бара од вреднувачите да усвојат „внимателно конзервативни критериуми (prudently conservative criteria) ” според ревидираниот член 229.

Сите говорници се фокусираа на различните сложени аспекти на Еколошките, социјалните и управувачките стандарди (ESG) и Европскиот зелен договор.

На 07.10.2023 беше одржано генералното собрание на TEGOVA на кое земаа учество 89 делегати од 26 држави претставувајќи 43 асоцијации на проценувачи, вклучувајќи ги Претседателската делегација на Институтот за проценка на Канада – Appraisal Institute of Canada и Meѓународната асоцијација на проценувачи од САД- International Association of Assessing Officers USA.

Презентирана беше новата иницијатива на ТЕГОВА за изготвување насоки за проценување во земјоделството, вклучително и најавата за организација на конференција за вреднување на земјоделството во Лисабон во март 2024 година.

Одборот за европски стандарди информираше за напредокот што се постигнува во изготвувањето на Европските стандарди за вреднување планирани за 2025 година.

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Конференција на TEGOVA