Континуирани обуки

Почитувани !

Во Охрид, од 18 до 20 мај 2023 година, се одржа 7-мата Меѓународна конференција на проценувачи на која присутвуваа 245 учесници и околу 30-тина гости од земјава и од странство.

Доколку не бевте во можност да присуствувавте на Конференцијата, како дел од програмата за Континуирани обуки за проценувачи за 2023 година Ви ја нудиме оваа можност да ги проследите снимките од одржаните предавања. 

Ве потсетуваме дека посетувањето на обуката е задолжително согласно став 3 член 26 од Законот за процена и дека согласно Одлуката на Управен одбор бр. 03-096/7 од 25.12.2020 година проценувачите се должни на годишно ниво да посетуваат обуки за КПУ и да се стекнат со минимум 20 КПУ бодови.

Непосетување на континуираната обука се смета за дисциплински престап согласно став 5 член 26 од Законот за процена.

Цената за прегледување на снимките од предавањата изнесува 4.000, 00 денари.

Потребно е да пратите барање на емаил адресата info@komoranaprocenuvaci.mk со Ваши податоци (име и презиме, име на фирма, за колку лица плаќате и нивни емаил адреси), ќе Ви биде вратена пресметка за плаќање и по направената уплата посочените лица ќе ги добијат предавањата на емаил адреса.

По прегледот на снимените предавања сите слушатели ќе добијат сертификати со 16 КПУ бодови.

Со почит,

во име на Управниот одбор
М-р Валентина МладеновскаПретседател

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Континуирани обуки