Почитувани,
Комората на проценувачи на Р.С. Македонија Ве известува дека на ден 29.09.2025 година (понеделник) ќе се одржат обуки за континуирано професионално усовршување на проценувачи.
Линкот за пријава и агендата ќе бидат дополнително објавени.
Котизацијата за учество на обуките за континуирано професионално усовршување за членовите на Комората изнесува 3.000 денари, а за надворешни учесници изнесува 4.000 денари.
Котизацијата за учество на обуките за континуирано усовршување за членовите на Комората кои поседуваат РЕВ сертификат изнесува 4.000 денари, а за надворешни учесници кои поседуваат РЕВ сертификат изнесува 5.000 денари. На овие учесници ќе им бидат издадени два сертификати за посетена обука за континуирано професионално усовршување од кои едниот ќе содржи КПУ бодови, а другиот КУП бодови (РЕВ).
Ве покануваме да ги посетите обуките на кои низ практични примери и дискусии заеднички ќе се обидеме да решиме некои од нашите секојдневни проблеми со кои се соочуваме во работењето.
Скопје, 03.09.2025 година
Со почит!
Во име на Управниот одбор на Kомората
Претседател Ѓорѓе Спировски



