Почитувани колеги,
Управниот одбор на Комората на проценувачи на РСМ, Ве известува дека седница на Собранието на Комората за период 2019/2020 ќе се одржи на ден 24.02.2021 година (среда).
За времето, начинот на одржувањето и материјалите за седницата дополнително ќе бидете информирани.
Управниот одбор го задржува правото за измена на датумот на одржувањето на седницата на Собранието на Комората и континуираните обуки согласно со препоракитe и мерките донесени од Владата на РСМ за спречување на ширење на COVID-19.
Со почит,
Управен одбор на Комората на проценувачи на РСМ