Почитувани проценувачи,
Ве информирам дека на нашето барање кое го објавивме по повод поканата од страна на УЈП – Даночна Академија, за учество со излагање т.е. Презентација на тема „Проценка на недвижности и движни предмети”, единствен пријавен кандидат беше г-дин Драган Димитров.
Темата на оваа презентација, беше запознавање на слушателите со начинот на вршење на процена, со одредби од Законот за процена, видови методолошки пристапи и други активности кои се вршат во фазата на проценување.
Презентацијата се одржа на 08.06.2018 г. но поради дополнителна зафатеност на г-дин Драган Димитров, предавач беше г-дин Звонко Кочовски од БДО.
Според мислењето на организаторот и пристните учесници, Презентацијата била многу успешна за што КПРМ доби посебни пофалби по завршувањето на Академијата.
- Благодарница
- Фотогалерија
Скопје, 12.06.2018 г.
Председател на КПРМ
Љупчо Шумантев д.м.и.