Известување

Се известуваат проценувачите дека во изминатиот период Комората на проценувачи имаше повеќе активности во врска со веб страната на Комората, што секако забележале тие што редовно ја отвораат веб страната (детално опишано во одговорот до министерот за правда, прикачен во прилог на известувањето).

Актуелното раководство на Комората редовно ги известува своите членови преку директни маилови до нив, но и со објава на веб и фејсбук страната за сите актуелни и планирани активности.

Сметаме дека доколку имате некакви сугестии и/или забелешки Вашата реакција треба прво да биде упатена до Комората, секако доколку реакцијата е добронамерна и на место.

Управниот одбор е на став дека праќањето на претставки до други институции, без претходно да има реакција или барање до Комората никако не може да служи на зачувување и унапредување на честа и угледот на Комората, а со тоа и на честа и угледот на сите нас проценувачи.

Комората на проценувачи ќе продолжи да работи во иста насока како и до сега, транспаретно и законито.

Останете со добро здравје и позитивна мисла и слободно контактирајте не доколку имате било какви забелешки и/или предлози.

Во насока на целосна транспарентност споделуваме со Вас:

 

Поздрав, 
Во име на УО на Комората на проценувачи
Претседател
М-р Валентина Младеновска

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Известување