Почитувани,
Комората на проценувачи на РСМ Ве информира дека поради голем интерес за следење на обуките за континуирано усовршување на проценувачи на ден 13.06.2024 год., се врши промена во локацијата на одржување на настанот.
ОБУКИТЕ НА ДЕН 13.06.2024 ГОД. (ЧЕТВРТОК) ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ВО ХОТЕЛ АЛЕКСАНДАР ПАЛАС ВО СКОПЈЕ СО ПОЧЕТОК ВО 10:00 ЧАСОТ (РЕГИСТРАЦИЈА ОД 09:30 ЧАСОТ ДО 10:00 ЧАСОТ).
За учесниците на обуките паркингот на хотелот е бесплатен.
Напоменуваме дека вториот ден од обуките, 14.06.2024 год. (петок) локацијата останува иста – во Стопанската комора во Скопје.
Скопје, 12.06.2024 година
Со почит!
Во име на Управниот одбор на комората
Претседател М-р Валентина Младеновска