Ажурирање на податоци за проценувачи

Почитувани колеги,

Поради ажурирање на податоците во Збирниот регистар кој се води при Комората на проценувачи на Република Северна Македонија, Ве известуваме дека во рок од 5 работни дена. Вие како овластени проценувачи  сте должни да доставите до Комората на проценувачи по електронски пат на емаил адресата на комората info@komoranaprocenuvaci.mk:

  • М1/М2( за секој вработен проценувач) и
  • осигурување

Согласно член 24 од Законот за процена( Службен весник на Република Македонија бр. 115/10, 158/11, 185/11, 64/12, 188/14, 104/15, 153/15, 192/15 и 30/16), овластените проценувачите како носители на лиценците за вршење на процена, се должни навремено да го известат соодветното министерство, Комора на проценувачи и  Централниот регистар на Република Северна Македонија за сите промени во врска со податоците содржани во регистарот.

Доколку не ја доставите бараната документација  најдоцна до 30.08.2022 година, Комората ќе ги извести соодветните  Министерства да  преземат дејствија во рамките на своите  надлежности. 

Со почит,
Од  Управен одбор на КПРСМ

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Ажурирање на податоци за проценувачи