Информација за одржано излагање – презентација на Даночна Академија

Почитувани проценувачи,

Ве информирам дека на нашето барање кое го објавивме по повод поканата од страна на УЈП – Даночна Академија, за учество со излагање т.е. Презентација на тема „Проценка на недвижности и движни предмети”, единствен пријавен кандидат беше г-дин Драган Димитров.
Темата на оваа презентација, беше запознавање на слушателите со начинот на вршење на процена, со одредби од Законот за процена, видови методолошки пристапи и други активности кои се вршат во фазата на проценување.

Презентацијата се одржа на 08.06.2018 г. но поради дополнителна зафатеност на г-дин Драган Димитров, предавач беше г-дин Звонко Кочовски од БДО.
Според мислењето на организаторот и пристните учесници, Презентацијата била многу успешна за што КПРМ доби посебни пофалби по завршувањето на Академијата.

Скопје, 12.06.2018 г.

Председател на КПРМ
Љупчо Шумантев д.м.и.

Сподели на Facebook
  1. Почетна
  2. Информации
  3. Информација за одржано излагање – презентација на Даночна Академија